fbpx

Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на постигнатиот успех, Македонија ги започнува преговорите со ЕУ во јуни 2019 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех. Се поочигледна е неразбирливата нервоза за постигнатиот успех на Македонија којашто се манифестира во нивните изнесени лажни вести и измислици.

Македонија доби кристално чист датум и и утврден пат за подготовка за преговорите кои ќе започнат во јуни 2017.

Во Извештајот на Советот на ЕУ, јасно е наведено дека Советот се согласува позитивно да одговори на напредокот на Република Македонија и го поставува патот кон отворање на пристап преговорите во јуни 2019 година.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека од „заробена држава” Македонија успеа да се врати на вистинскиот пат, на евро-атлантскиот пат на иднината и затоа очајно се обидува да ја манипулира јавноста.

Лажните вести, неаргументираните обвинувања и манипулации се единствената стратегија на опозициската партија којашто треба да да се присети на уште еден дел од заклучоците на Советот на министри на ЕУ којшто зборува за „судските реформи и проактивните истраги, обвиненијата и конечните пресуди во случаите на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво“.

На ВМРО-ДПМНЕ треба да му биде јасно дека Македонија тргна напред и враќање назад нема.

 

Скопје, 28.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

 

Последни вести