Соопштение за јавност
Блокирањето на процесот на назначување амбасадори што го спроведува Ѓорѓе Иванов е уште една потврда дека ниту се грижел, ниту пак се грижи за интересите на граѓаните и државата.
Во клучниот период кога се обезбедува европска иднина на Македонија и нејзините граѓани, Иванов со своите постапки се обидува да ја закочи македонската иднина, да ја врати државата назад.
Со таквиот начин на делување Иванов докажува дека е остаток од едно криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое во целост беше спротивно на интересите на државата и граѓаните. Иванов делува е единствено во заштита на криминалите на власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Во интерес на граѓаните и државата, правдата во Македонија треба да расчисти со наследството на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ како и со функцијата на Ѓорге Иванов, човекот што се обиде да ги амнестира и се уште ја кочи иднината на земјава.
Македонија тргна напред и се гради како модерна, демократска и напредна држава, идна полноправна членка на ЕУ и НАТО и сите обиди на Иванов да ја врати во времето на изолација, поделби и стагнација нема да бидат успешни.
Скопје, 28.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА