Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат зошто толку им сметаат македонските успеси, особено на меѓународен план?
Зошто на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и смета тоа што производителите на домати ќе имаат дополнителна субвенција од седум денари за килограм предаден домат?
После 11 години изолација за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за само една година Македонија успеа да направи огромен напредок, имаме кристално чист датум и утврден пат за подготовка за преговорите кои ќе почнат во јуни.
Македонија денес е препознаена како земја на позитивни промени и општествен дијалог, а вратите за членство во ЕУ се отворени, државата започнува преговори за полноправно членство во 2019 година!
Само опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи и не се радува на овој успех на Македонија којшто е меѓународно потврден и признаен.
ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажува дека е против напредок, против реформите и против интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, а тоа го потврдува преку неаргуметнираните напади, лажните вести и невистини што ги шири со секој свој јавен настап.
Скопје, 28.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА