Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не може да замисли транспарентна и законска јавна набавка.
Цели 11 години јавните набавки се спроведуваа сомнително и далеку од очите на јавноста, граѓаните немаа увид како и за што се трошат нивните пари.
Телефонски се нарачуваше „она на М“ и се делеа провизии од типот „ало Миле ми текна“. Тоа време заврши.
Министерството за одбрана јавно објави дека споменатата набавка на службени возила е странска донација за која не се потрошени пари на граѓаните.
Потпишаниот договор е за речиси 2 милиони денари поевтин во однос на проектирната сума за набавка на возилата, а возилата се набавени преку законска постапка. Како што соопшти МО за целата набавка на електронска аукција учествувале повеќе понудувачи и постигната е најниската цена. Јасно, кристално чисто, транспаретно и во рамки на законските прописи.
Тоа е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и оттука нивните реакции полни со лажни вести и невистини.
Скопје, 26.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА