fbpx

Лукаревска од Свети Николе: Кога ќе гласате задутре и на 8 мај и кога ќе го заокружите бројот 1 вие гласате за иднината, за Стево Пендаровски и за СДСМ, важен е континуитетот за европска Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Важни се овие избори, можеби и најважни зашто важно е кој ќе ја води државата, важен е континуитетот. Важно е СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија таму каде што ни е местото на сите, на цела држава, после НАТО, влез во Европската унија, како Македонци со македонски јазик, по исправниот пат, рече носителката на третата изборна единица, Сања Лукаревска, вечерва во Свети Николе.

Го прифатив предизвикот да бидам носител на листата во оваа изборна единица зашто верувам во исправните политики на СДСМ, во чесноста и љубовта на нашите членови кон државата и кон сите нејзини граѓани, рече Лукаревска.

-Ние сме должни да одговориме на потребата за спокојна, безбедна и предвидлива иднина за државата и за граѓаните. Одиме кон тоа и ви ветувам, ќе дадеме сè од себе за да ги оправдаме вашите очекувања и верба во нас. СДСМ е силна, голема, одговорна партија која секогаш, без двоумење и без калкулирање за својот рејтинг, носела тешки одлуки во уште потешки околности. Сега ви ветуваме ИДНИНА, предвидлива, европска иднина и затоа, клучно е СДСМ да победи на изборите. Сите добро знаете, само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните.

Македонските граѓани, рече Лукаревска, виделе и потешки времиња и поголеми маки. Но, предводени од одговорни луѓе, нема предизвик кој не може да се надмине, нема проблем кој не може да се реши.

-СДСМ бил, е и ќе биде со граѓаните секогаш, и во добро и во лошо, затоа, убедена сум дека Свети Николе, и на 24 април и на 8 мај, ќе го направи најдобриот избор – Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија.

Кога ќе го заокружите бројот 1 , и задутре и на 8 мај, вие гласате за иднината. Сè друго е пат од кој можеби нема да можеме да се вратиме. Не се откажуваме од иднината, таму е нашата заедничка победа, рече носителката во третата изборна единица Сања Лукаревска.

Последни вести