fbpx

Наводната грижа на ВМРО-ДПМНЕ е лажна и лицемерна, проблемот со откупот на домати се решава во интерес на земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За земјоделците не постои поголема непогода од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога земјоделците беа манипулирани, малтретирани и уценувани, а нивниот труд погазуван и потценуван.

ВМРО-ДПМНЕ денеска пак излажа со што покажува дека нивната наводна грижа за земјоделците е лажна и лицемерна.

Проблемот со откупот на доматите се решава во интерес на земјоделците. Како што јавно објави, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство воведува интервентна субвенција од 4 денари за килограм предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети. Со тоа, заедно со постоечката дополнителна субвенција за предаден зеленчук во преработувачки капацитети од 3 денари за килограм, производителите на домати ќе добијат вкупно 7 денари субвенција за предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети.

Со оваа интервентна субвенција ќе се овозможи стабилизирање на пазарот со откупот на домати во овој период до 15 јули. Истовремено Министерството ќе го следи откупот на домати, а во меѓувреме интензивно се работи и на отворање нови пазари за македонските земјоделски производи.

За разлика од игнорантскиот и понижувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон земјоделците, Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа за земјоделството како една од најзначајните стопански грански. Во таа насока, Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките што обезбедуваат унапредување на земјоделството, повеќе пари и поквалитетен живот за сите земјоделци.

Скопје, 25.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести