Соопштение за јавност
Коносителката на кандидатската листа на СДСМ во петтата изборна единица, Бисера Костадиновска- Стојчевска со јавна поддршка од Битола за претседателот Стево Пендаровски и со порака до граѓаните зошто да гласаат за кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ.
Во продолжение интегрален текст од изјавата на Костадиновска – Стојчевска:
На 24-ти април обединето и одговорно гласаме за Стево Пендаровски, тоа е глас за сигурност, надеж и светла иднина на нашите деца.
Заокружуваме број 1 за Стево Пендаровски, човекот кој докажа дека е претседател за сите граѓани, политичар со интегритет, кој е одлучен во исполнувањето на европската визија за Македонија.
Претседателот Стево е близок до граѓаните од сите заедници. Стево е наш човек. Со Стево низ целиот негов мандат заедно чекоревме и ја ширевме пораката дека само отвореното и толерантно општество може да е вистински правично, силно и напредно. Тоа е негова определба и за следниот мандат. Со Стево заедно сме сигурни дека борбата за еднаквост нема никогаш да запре.
Нашиот претдедател Стево, е вистински заштитник и промотор на македонскиот културен идентитет. Тој е олицетворение на богатата македонска културна традиција и актуелен културен дигнитет.
Затоа заокружуваме број 1 даваме поддршка на Стево Пендаровски, гласаме за иднината на нашите деца, за просперитетна и европска иднина.”