fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е во конфузија и шири неточни, лажни вести, Договорот ја обезбедува иднината и ќе биде потврден од граѓаните на референдум

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажува дека е во тотална конфузија. Целокупното нивно дејствување се заснова на лицемерни напади без аргументи, лажни информации и контрадикторни ставови којшто се менуваат со секој јавен настап.

До вчера ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател Христијан Мицкоски зборуваа дека идентитетот е стекнато право, а денеска велат дека со Договорот се менува идентитетот. Тоа само покажува во каква конфузија се наоѓаат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател Мицкоски.

Договорот постигнат со Грција, како официјален документ е целосно јасен: Македонец, Македонка, македонски јазик, македонско, македонска, се официјално усвоени термини и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува. Со ова, идентитетот се зајакнува и се гарантира еднаш засекогаш.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека после 25 години спор од кои 11 беа целосно уназадување на Македонија, сега сме само на денови од добивање датум за отпочнување преговори со ЕУ и на недели од добивање покана за полноправно членство во НАТО.

Постигнатиот Договор го зајакнува идентитетот, ги отвора евроатлантските перспективи на Македонија и е во согласност со врвните национални и државни интереси. Тоа ќе го потврдат и граѓаните на референдум на којшто ќе кажат ДА за македонската иднина.

 

Скопје, 22.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

 

Последни вести