fbpx

Ковачевски: Единствен начин да ги задржиме децата дома е европската иднина и членство во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Единствен начин да изградиме европска иднина е членство во Европската Унија. Таа иднина мора да биде обезбедена со поквалитетен живот за сите. Таа иднина треба да нѝ помогне да ги задржиме нашите деца тука, во Македонија. Да бидат среќни и задоволни во сопствената татковина“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг на Коалицијата за европска иднина во Сопиште.

„Затоа, ние не се откажуваме од европскиот стандард, европските вредности, европскиот систем. Нашата Македонија заслужува да биде дел од европското семејство. Нашата генерација заслужува да бидеме дел од Европа, но најмногу од сите, нашите деца заслужуваат европска иднина“, рече Ковачевски.

Говорејќи за досегашниот мандат, тој се осврна на антикризините мерки во висина од 2,6 милијарди евра за поддршка на граѓаните и компаниите, како и растот на платите и пензиите.
„Свесен сум дека тоа не е доволно, знам дека имаше и грешки и не беше сè идеално, но верувајте дека ќе дадам сѐ од себе, сите грешки да бидат поправени“, порача Ковачевски пред присутните граѓани.

„Покрај се горд сум што можам да кажам дека една работа ја направивме исклучително правилно. Го задржавме европскиот курс на земјата и земјата ја придвиживме напред. Денес оваа земја стана земја членка на НАТО. Ги отпочнавме преговорите со ЕУ по 17 години чекање. За само 7 години, од заробена држава денес сме држава во која секој слободно може да го каже своето мислење.“

Последни вести