fbpx

Стевановиќ: СДСМ нема да се откаже од европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На вечерашниот митинг во општина Центар, кандидатката за пратеничка во Изборна единица 1 од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Милена Стевановиќ, пред присутните граѓани порача дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина, покажа дека има план и дека не се откажуваат пред тешките одлуки.

“Ние нема да се откажеме од иднината, нема да се откажеме од преговорите со ЕУ, нема да се откажеме од подобар живот за младите, за пензионерите, за работниците, за компаниите”,рече Стевановиќ.

Зборувајќи за програмата за претстојните избори, во делот на мерките за секторот здравство, Стевановиќ посочи дека е планирано зголемување на платите на здравствените работници, како и овозможување на бесплатно јавно здравство.

Како што кажа Стефановиќ, ќе има плати до 180.000 денари за специјалистите, како и зголемување на платите на сите други кои што работат во здравствениот сектор. Во четиригодишната програма е предвидено укинување на партиципацијата од 20%, со што јавното здравство ќе биде достапно и бесплатно за сите граѓани, а медицинарите ќе бидат мотивирани да си ја градат иднината во својата држава.

Во своето обраќање, Стевановиќ истакна дека СДСМ нема да се откаже европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото и нема да се откаже од конечна одлучна и бескомпромисна борба со корупцијата, на сите нивоа, и дека никој нема да биде поштеден без разлика од која политичка и партиска позадина доаѓа.

“Затоа ве повикувам на 8-ми мај да гласате за Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ,ве повикувам сите вие да бидете дел од заедничката победа”, им порача Стевановиќ на присутните граѓани вечерва во општина Центар.

Последни вести