fbpx

Кирацовски во посета на Кичево, Македонски Брод и Пласница: Да кажеме ДА за македонската иднина!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, во попладневните часови на вчерашниот ден беше со граѓаните и подржувачите на партијата во Кичево, Македонски Брод и Пласница.

Кирацовски разговараше со граѓаните за спроведувањето на мерките од програмата коишто обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, за решенијата на проблемите, за подобрување на животот на сите граѓани. На средбите се зборуваше и за актуелната политичка ситуација. Кирацовски се осврна на решението на спорот што Грција го има со нашето име.

„За Македонија доаѓа подобро време. Имаме историско решение кое го заштитува и го зајакнува нашиот македонски идентитет, еднаш засекогаш. Македонски јазик, македонски народ, Македонка, Македонец….обезбедени. Решаваме спор кој 25 години ја влечеше земјава надолу. По 25 години стагнација се преземаат храбри чекори во интерес на граѓаните и државата. Македонија нема веќе генерации за губење, да кажеме ДА за македонската иднина. Граѓаните имаат шанса на реферндум да кажат ДА за иднината. Граѓаните ќе го последниот збор за ова прашање чие што решавање ширум ни ги отвора перспективите во евроинтеграциите“ посочи Кирацовски.
Генералниот секретар Кирацовски зборуваше за придобивките за граѓаните од решавањето на спорот, што значи членството во НАТО и започнувањето на преговори за полноправно членство во ЕУ.

„Со решението се отстрануваат сите пречки за полноправно членство НАТО и добивање на конкретен датум за почеток на преговорите со ЕУ. Очекуваме покана за членство во НАТО кон средината на идниот месец. Со влезот НАТО се гарантира безбедноста и стабилноста на нашата земја, Македонија ќе стане привлечна дестинација за нови успешни странски инвестиции со што се отвораат можности за интензивен економски раст. Отпочнувањето на преговори со ЕУ значи и отворање на нови фондови, проекти за меѓугранична соработка, зајакнување на капацитетите на институциите, но и повеќе пари во секое семејство. Затоа е важно што поскоро да станеме дел на ЕУ и НАТО, тоа е историска мисија на нашата генерација.“ истакна Кирацовски.

 

 

 

Последни вести