Соопштение за јавност
Очигледно Мицковски се уште не собрал храброст да излезе пред граѓаните ниту да се соочи со новинарски прашања, што договолно говори дека нема аргументи и зборува нереално. Ова е потврда дека има бројни теми поради коишто Мицкоски се крие од јавноста.
Фактите покажуваат, економијата се опоравува од 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и се поставува на здрави и реални основи.
Нема веќе „ало Миле ми текна“ провизии, проценти и криминални, нерелни проекти, измислени да се исмпумпуваат пари од граѓаните за да се богати фамилијата. Сега Владата работи одговорно, транспарентно, домаќински и само во интерес на граѓаните.
Во првиот квартал од оваа година забележан е раст во сите сектори, освен во нискоградбата. Причината за таквата состојба е запирањето на активностите на промашените, криминални проекти на ВМРО-ДПМНЕ, како автопатот Кичево-Охрид, но и некои други патишта, каде што имаше огромни пропусти.
Владата интервенираше, се презедоа чекори и сега промашените проекти се доведени во реалност за правилно да бидат спроведени.
Тоа значи дека по моменталниот застој, изградбата на спорните автопати ќе продолжи на правилен начин и тоа ќе рефлектира со раст и во делот нискоградбата со што ќе се интензивира и растот на БДП. На крајот растот на БДП ќе биде во рамките на она што е претходно проектирано.
Граѓаните треба да бидат спокојни, економијата се движи во вистинска насока, ќе има пари и за поголеми плати и за поголеми пензии, за раст и развој.
Наместо да шири лажни вести, Мицкоски требаше да им се извини на граѓаните за пустошот што ВМРО-ДПМНЕ го остави, но, и за тоа што ги излажа за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски.
Вака, Мицкоски уште еднаш потврдува дека не ги почитува граѓаните.
Скопје, 09.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА