Соопштение за јавност
Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за земјоделството кога 11 години ги манипулираше малтретираше и ги понижуваше земјоделците.
Доколку навистина се грижеше за земјоделците ВМРО-ДПМНЕ ќе знаеше дека се исполнети барањата на производителите, откупната цена на зелката до празникот Велигден да биде 20 денари, и таа се задржа тогаш на тоа ниво. Последна цена заклучно со втората половина на месец мај од 28 е до 30 денари.
Токму ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во инфраструктурата само за да се остварат нечии криминални интереси. Денес наместо криминал, неспособност и корупција, во инфраструктурата се случуваат сериозни инвестиции во вредност од 270 милиони евра преку кои се градат нови и се реконструираат 60 патни правци.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква стратегија и никаква програма освен да шири лажни вести преку кои очајно се обидува да го сврти вниманието од својата неспособност и скандалот со лагите на нивниот претседател Христијан Мицкоски.
Скопје, 06.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA