Македонија треба да гласа ЗА, гласањето против е со долгорочни последици
СДСМ можеби ја плаќа цената на тешките одлуки, но тоа не смее да не одврати од идејата за прогрес, мора да имаме подобар стандард, подобро здравство, образование, владеење на право.
Треба заедно да се избориме за иднината на земјата и затоа СДСМ повикува на мобилизација на демократскиот блок околу идејата за прогрес и европски вредности.
Лесно е да си против своите, но тоа не е излезот. Треба да сме сите заедно против ДПМНЕ, единствениот противник на прогресот во државата.
Мора масовно да се излезе и да се гласа на 8 ми мај, да се гласа ЗА одредена идеја.
Казнувањето на одредена партија со гласање против ќе даде краткорочен ефект, но ќе има долгорочни последици за иднината Македонија.