fbpx

Ковачевски од Неготино: Асномците и Илинденците не се откажаа, нема да се откажеме и ние од борбата за македонската иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Обраќајќи се на вечерашниот митинг од Неготино, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на насобраните граѓани им порача дека СДСМ е силна партија, која не се откажува од своите заложби.

„Ние сме единствениот легитимен наследник на НОБ, партија која е секогаш подготвена да се бори за граѓаните и за иднината на земјата; единствена партија која повикува на мобилизација на демократскиот блок. Па замислете на што ќе личеше ако Илинденците се откажеа од својата заложба за слободна Македонија? Или пак Асномците од своите идеи? Замислете само како ќе изгледаше сите наши претходници во 90-тите да се откажеа од независна Македонија, членка на ОН, слободна и суверена држава?“, ги праша Ковачевски неготинчани.

Ковачевски посочува дека СДСМ во 90-тите, предводена од тогашниот претседател, Киро Глигоров, ја внела Македонија во Обединетите Нации и токму СДСМ е партијата во чие време, во 2005-та година, државата се стекнала со кандидатски статус за Европската Унија.

„Како што тие не се откажале, нема да се откажеме ни ние во нашата цел за Македонија во ЕУ, држава со европска иднина за нашите деца и идните поколенија“, порачува Ковачевски.

Ковачевски ги потсети граѓаните дека СДСМ е заслужен и за тоа што Македонија стана членка на НАТО и додаде дека СДСМ заедно со граѓаните, ќе ја внесе Македонија во ЕУ.

„Знаете, целосно сме свесни за казната во првиот круг од претседателските избори. Пораката е примена со сето достоинство и со цела почит кон сите граѓани кои излегоа да гласаат, но и кон оние кои одлучија да не излезат на гласање“, вели Ковачевски и додава дека со право дел од граѓаните се незадоволни од дел од нивните политики, одлуки или кадровски решенија изминатите години.

„Свесен сум и дека нашата инклузивност, но и концептот на едно општество за сите беше често и злоупотребуван од одредени политички сили и структури во земјата за лична корист. Можеби бевме и премногу попустливи во одредени ситуации, дадовме многу, а добивме многу малку за возврат. Но, тоа не значи дека во било кој момент сме се откажале од остварувањето на нашите политики и активности“, посочува Ковачевски.

Тоа значи дека сме ја научиле лекцијата, вели претседателот Ковачевски и додава дека поуката е извлечена и наредниот пат пристапот ќе биде повнимателен и многу претпазлив.

Последни вести