fbpx

Манчевски во Куманово: Растот на платите ќе продолжи, создаваме услови просечната плата до крајот на 2019 година да изнесува 500 евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски вчеравечер беше во посета на Куманово на средби со граѓани, членови и симпатизери на СДСМ од оваа општина.
Со граѓаните, Манчевски разговараше за спроведените мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисок економски раст и нови инвестиции, а се осврна и на актуелните прашања околу евроинтеграцискиот процес на Македонија.

– Ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари и ја отворивме спиралата на раст на платите. Околу 90.000 граѓани денес добиваат поголема плата. Со новата мерка којашто ќе го стимулира растот на платите за вработените во трудоинтензивните дејности, се отвора можност за зголемување на платите на дополнителни 50.000 лица, кои сега во трудоинтензивните дејности добиваат плати до 18.000 денари. Сето ова го правиме со една цел, до крајот на 2019 година, просечната плата да достигне 500 евра. По решавањето на статусот на стечајните работници, вложуваме напори веќе од 2019 година да биде воведена социјалната односно државната пензија преку која пензија ќе добиваат и оние лица кои имаат соодветна возраст за пензионирање а немаат доволно години работен стаж. Со оваа мерка, само овде во Куманово ќе бидат опфатени околу 750 лица” истакна Манчевски.

Осврнувајќи се на предизвиците во надворешната политика, Манчевски истакна дека преку политиките на соработка и пријателство, Владата предводена од СДСМ успеала да ја врати Македонија на патот на евроинтеграциите и државата денес одлучно чекори кон полноправно членство во ЕУ и НАТО. Членството во ЕУ и НАТО, посочи Манчевски, обезбедува повеќе пари за граѓаните, отвора нови фондови и создава услови за сериони странски инвестиции.

 

 

 

Последни вести