fbpx

ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и лицемерна е конграѓаните кои 11 години ги крадеше, акцизата не влијае врз растот на цените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ шири лаги во отсуство на било каква политичка понуда и без концепт за политичко делување.

Не е точно дека постои инфлација, како што не е точно дека минималното зголемување на акцизата за нафтата влијае на покачување на цените во малопродажбата.

Сите енергенси во вкупната цена на производите учествуваат со 10 проценти а акцизата е зголемена само за мал дел од тие 10 проценти, што е незначително за вкупната цена.

Цената на горивата ги одредува Регулаторната комисија за енергетика и за причините за зголемувањето на цените опозициската партија треба таму да се обрати.

Заклучкот е дека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и лицемерна е кон граѓаните кои 11 години безмилосно ги крадеше, задолжуваше, иселуваше и осиромашуваше само за да се задоволат криминалните апетити на одредени поединци.

За разлика од расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите на граѓаните се трошеа на споменици, палми и лажен барок, СДСМ преку Владата што ја предводи создава услови за интензивирање на економскиот раст, пораст на платите и животниот стандард.

Скопје, 28.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

Последни вести