fbpx

Времето на неуспеси заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, Македонија тргна по вистинскиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои одбиваат да го видат напредокот на Македонија и наместо да се приклучат во реформите што ја движат Македонија, тие продолжуваат да работат спротивно на интересите на граѓаните и државата.

Македонија тргна напред на патот на евроинтеграциите. Тоа е потврдено и со Извештајот на Европската комисија кадешто е констатиран напредокот во сите области и се дава кристално чиста препорака за Македонија. Дополнително, Комисијата ја оцени Македонија како најдобра во регионот на Западен Балкан и Турција, за спроведување на препораките во економската програма за реформи.

ВМРО-ДПМНЕ да престане со обидите да ја влече Македонија назад во изолација и поделби и да им се извини на граѓаните за пустошот и грабежот што го правеше 11 години. Времето на неуспеси за Македонија заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт. Македонија тргна напред по вистинскиот пат и враќање назад нема.

 

Скопје, 28.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести