fbpx

Ковачевски: Нема откажување од европска иднина за нас и нашите деца

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг на СДСМ и коалицијата, одржан во Радовиш, уште еднаш ја повтори неговата заложба за европска иднина на Македонија.

„ Нема откажување од европска иднина на нашите деца! Нема откажување од европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра! Македонија мора да ја биде, и јас и сите мои другари и другарки во партијата, на кандидатските листи и оние кои не се на листи, сакаме и се бориме за рамноправна Македонија во Европа. Заради таа верба која ја имаме 32 години од основањето на нашата партија СДСМ покажува и докажува дека е најсилната партија во Македонија. Партија која не се откажува кога е најтешко. Партија која не потклекнува кога се очекуваат тешки одлуки. “, посочи Ковачевски.

Ковачевски ги замоли присутните убаво да размислат каква држава сакаат да изградат за нив, за нивнте деца и за нивните внуци.

„Дали сакате тие да живеат во лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа? Или сите заедно ќе изградиме слободна, просперитетна и европска иднина. Изборот е во ваши раце“, им порача Ковачевски на радовишани.

Тој вели дека него и СДСМ може да ги напаѓаат за сѐ и сешто, но никој не може да го оспори фактот дека СДСМ е силна партија, која секогаш била рамо до рамо со граѓаните и на браникот на татковината.

„Тоа го докажавме и во изминатите неколку години кога не потклекнавме пред кризите и предизвиците кои се редеа еден по еден и се закануваа целосно да го загрозат квалитетот на живот на граѓаните. Но, во тие моменти ние покажавме посветеност и одговорност и не дозволивме поглеми потреси за граѓаните. Ги зголемивме платите и пензиите, ги заштитивме работните места со поддршка на домашните бизниси, обезбедивме 2,6 милијарди евра за антикризни мерки“, потсети претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Паралелно со тоа, Ковачевски додава дека во ниту еден момент не застанале во напортие да ја направат Македонија дел од евроатлантските структури, иако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште упорно ги блокираат преговорите за членство во Европската Унија.

Ковачевски посочува дека и тој и СДСМ се цврсто решени да не им дозволат на ВМРО-ДПМНЕ да застанат на патот на европска Македонија, додавајќи дека од таа намера нема да се откажат никогаш.

Последни вести