fbpx

Бочварски на средби во Радовиш: Продолжуваме со спроведување на мерки што обезбедуваат повисок животен стандард

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Благој Бочварски, вчера оствари средба со граѓаните на Радовиш на којашто се дебатираше на повеќе актуелни теми од интерес на граѓаните и државата.

Потпретседателот Бочварски ги посочи резултатите од досега спроведените реформи преку кои се стабилизира економијата, се обезбедуваат повеќе пари кај граѓани, се интензивира економскиот раст, а државата прави пробив во интеграциските процеси.

– Спроведени се низа мерки коишто обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните. Политиките на Владата предводена од СДСМ придонесоа да порасне минималната плата а со тоа и просечната плата да зебележи раст од 5.6 отсто. Субвенциите растат и сега тие се исплаќаат неселективно и навремено. стечајните рабоници се обештетени и околу 5.000 стачајни работници добиваат месечен надомест од 7.596 денари. Сето ова се мерки што носат повеќе пари во секое семејство. Нема да застанеме тука туку продолжуваме понатаму.
Летово ќе следува второ годишно усогласување а со тоа и раст на пензиите, ќе следуваат и повисоки плати во обеазованието, здравството и одбраната, со што просечната плата дополнително ќе расте, истакна Бочварски.

Потпретседателот Бочварски потенцираше дека покрај успехот на домашен план, Македонија бележи успеси и на меѓународен план а потврда за тоа се бројните признанија што нашата земја ги добива од ЕУ, НАТО и меѓународните организации и институции.

Во периодот што следува, највисокото раководство на СДСМ продолжува со посети на сите општини низ државата. Целта е да се зборува отворено со граѓаните, да се разменат идеи и мислења и да се креираат заеднички политики и мерки коишто ќе бидат во интерес на сите граѓани на Република. Македонија.

 

 

 

Последни вести