fbpx

Платите во Македонија растат, со растот од 5,6 проценти во март оваа година се потврдува успешноста на економските политики

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Трендот на растот на платите во Република Македонија продолжува. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена за месец март е за 5.6 отсто повисока во однос на месец март 2017 година. Просечната плата во првото тромесечие од 2018 година е за 4,9 отсто повисока во споредба со итиот период од минатата година.

Ова е уште една потврда дека Законот за минимална плата го дава посакуваниот ефект и дека се отвори спиралата на раст на платите. Македонија се стабилизира на економски план, а најголемa придобивка од тоа имаат граѓаните.

Повисоки плати значат повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард, а се создава фер општество и поквалитетен живот.

За само 11 месеци новата Влада успева да креира позитивна економска клима. Забележани се раст на просечната и минимална плата, јавниот долг е намален и се забележува зголемување на животниот стандард како резултат на владините реформи.

 

Скопје, 21.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести