fbpx

Потпретседателот Манчевски во посета на Карбинци: Сметаме на вашата поддршка во спроведување на реформи што се во интерес на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во текот на вчерашниот ден беше во посета на Општина Карбинци, на средби со граѓаните од ова населено место, како и на средби со членови и симпатизери на партијата.

На средбите, потпретседателот Манчевски ги потенцираше досега реализираните мерки од страна на СДСМ како партија предводник на владејачкото мнозинство, но се осврна и на актуелните политички состојби на домашен и меѓународен план.

„Како владејачка партија успеавме да реализираме клучни мерки од програмата коишто значително го подобруваат квалитетот на живот на сите граѓани. Граѓаните заштедија 11,4 милиони евра само од евтината тарифа на струјата и дополнителни 12,4 милиони евра со укинувањето на радиодифузната такса. Тоа значи дека повеќе пари останале кај граѓаните. Минимална плата ги даде очекуваните резултати. Околу 90.000 граѓани денес добиваат повисока минимална плата која изнесува 12.000 денари и важи за сите вработени во сите индустрии. Повисоки плати значат и повисок животен стандард“ рече Манчевски.

За мерките во земјоделството Манчевски рече дека е видливо дека даваат резултат. За разлика од годините во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога просечната цена на килограм тутун изнесуваше помалку од 190 денари, таа за реколтата 2017 година изнесува 217.6 денари, што е една од највисоките цени досега, рече Манчевски.

„За прв пат се исплатени навремени и зголеми субвенции за тутунарите. Ја воведовме и зелената нафта, земјоделците ќе имаат пристап до поевтина нафта со што повеќе пари ќе останат кај нив.“ додаде Манчевски
Успеавме да забележиме успеси и на меѓународен план. После долг период стагнација ја вративме Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, рече потпретседателот Манчевски на средба со граѓаните од Карбинци.

„Пред нас е период на нови предизвици. Подготвени сме да водиме, сметаме на вашата поддршка, поддршката од граѓаните. Отворената шанса, можноста за достоинствено решавање на долгогодишниот спор што Грција го има со нашето име треба да ја искористиме во интерес на сите наши граѓани и иднината на државата. Усогласениот пакет, нуди шанса сите да излезат од овој процес како победници. Република Илинденска Македонија со гаранции за нашиот идентитет сметаме дека е достоинствено решение за двете страни“ рече Манчевски.

Последни вести