Соопштение за јавност
Граѓаните го поразија режимот на Никола Груевски, најголемото зло за граѓаните и за Република Македонија кое пустошеше 11 години со криминално и расипничко владеење.
Христијан Мицкоски, како советник на Никола Груевски во тоа време, директно учествувал во креирањето на штетните политики кои ги осиромашија граѓаните а земјава ја претворија во заробена држава, пред економски крах.
Мицкоски останува заробеник на погрешните политики на Никола Груевски кои создаваа поделби и конфликти, сосема спротивни на интересите на граѓаните и државата.
На демократски начин, граѓаните ги поразија таквите погубни политики на ВМРО-ДПМНЕ и одбраа заедништво и напредок. Македонија се обедини против ретроградните сили, се обедини околу реформите што обезбедуваат сигурна и стабилна иднина.
Македонија денес оди напред и се гради како модерна, слободна и демократска држава.
Скопје, 19.05.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA