fbpx

Груевски за 91 советник годишно трошел над 1,7 милиони евра, меѓу советниците бил и Христијан Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Расипништво и расфрлање со парите на граѓаните е ангажманот на 91 советник на поранешниот премиер Никола Груевски, меѓу кои и сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Таквиот ангажман на над 90 лица во кабинетот на Груевски годишно чинело најмалку 1,73 милиони евра, пари на граѓаните. Тоа е сумa што е за три пати повисока од онаа што денес се издвојува за ангажманот на сите советници на премиерот Зоран Заев.

Наместо преку својата партија да се обидува да ја манипулира јавноста со празни обвинувања, Мицкоски да излезе и да каже за неговиот ангажман, колку ги чинело граѓаните тоа што бил советник на Груевски, а потоа и како надворешен соработник во Владата предводена од Емил Димитриев.

Особено имајќи предвид што Мицкоски бил советник на криминалната Влада на Никола Груевски во период во кој се случи најголемиот грабеж на граѓаните на Република Македонија.

Водејќи се од принципите на отчетност и транспарентност, Владата предводена од СДСМ сите советници на премиерот Заев јавно ги објави на официјалната веб страница на Владата на Република Македонија. Тоа е вредносна разлика што за ВМРО-ДПМНЕ е несфатлива.

 

Скопје, 15.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести