Соопштение за јавност
„На 8 мај, да им испратиме јасна и гласна порака на сите ретроградни сили дека во Македонија живеат прогресивни и умни луѓе, кои сонуваат за европска иднина за себе и своите деца. Да кажеме стоп за враќањето во кошмарното минато на поделби, тензии и конфликти“, порача во своето обраќање претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг на СДСМ и коалицијата во Македонски Брод.
Ова е само една од причините зошто на овие избори сите треба да гласаме ЗА, вели Ковачевски, а не ПРОТИВ.
„Вие одлучувате кој пат ќе го фатиме. Јас знам дека голем број граѓани сè уште немаат одлучено дали воопшто да излезат на гласање и кому ќе го дадат својот глас. Знам и дека постои традиција на гласање ПРОТИВ власта. Но, сега се наоѓаме на историски крстопат. Ако не излезете да гласате, другите ќе одлучат во ваше име. Ако гласате ПРОТИВ, само за да казните некого, тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија“, ги потсети граѓаните претседателот Ковачевски и ги повика во среда, масовно да излезат и да гласаат ЗА европска иднина, стандарди и вредности и ЗА држава во која ќе сакаат да останат нашите деца.
Ковачевски посочи и дека на овие избори, СДСМ оди заедно со граѓаните кои веруваат во идејата за европска Македонија и кои се подготвени да се борат за таа иднина.
„Никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да ја уназадува државата. Никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да си игра со иднината на нашите деца. На 8 мај постои само една социјалдемократска опција, само една лева прогресивна опција која се вика СДСМ. Ве повикувам масовно да излезете на изборите на 8 мај и да гласате за нашиот Претседател, Стево Пендаровски и за пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина“, апелираше Ковачевски, додавајќи дека на 8 мај, одлуката за иднината за нашите деца и внуци е во наши раце.
Линк до видео обраќање: