fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо освен лажни вести и измислици, Владата предводена од СДСМ ги унапредува условите за работа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ партијата која 11 години ја злоупотребуваше полицијата и другите државни институции, продолжува да измислува случаи преку кои очајно се обидува да ја манипулира јавноста.

Лажни се наводите на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во Министерството за внатрешни работи. Несериозно е од кој било политички субјект да се обидува со неточни информации да нанесува штета на угледот на елитните полициски сили.

За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, состојбата со исхраната на припадниците на посебните единици, денес е неспоредливо подобра и поквалитетна во секој поглед и во согласност со сите нутриционистички и останати параметри. Истовремено, отворен е процес на сеопфатно решавање на проблемот со неисплатените прекувремени работни часови со кое што ќе се надмине овој долгогодишен проблем без да се нанесе штета на буџетот на министерството или на штета на вработените во министерството.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо друго освен лажни вести и измислени скандали во кои никој не верува. Владата предводена од СДСМ како и сите министерства работат на надминување на наследените проблеми и унапредување на условите за работа и живот на сите граѓани.

 

Скопје, 04.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

Последни вести