fbpx

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите напредни граѓани на 8 мај, мора да одиме напред, немири, внатрешни поделби и конфликти не се опција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Иднината на Македонија е во Европската Унија, во друштво на развиените западни демократии. Затоа, подаваме рака на сите прогресивни и проевропски сили за идна соработка и повикуваме на општа мобилизација на сите напредни граѓани на 8 мај. Мора да одиме напред, не смееме да дозволиме враќање назад, во немири, внатрешни поделби и конфликти“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Струмица.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за европска и сигурна иднина во Македонија и да не дозволат државата да се врати во авторитарното владеење на ВМРО ДПМНЕ.

„Ние за разлика од нашите политички противници, не инвестираме во жални врби, фонтани и стиропор. Ние инвестираме во иднината, инвестираме во креирањето на Македонија во убава и пристојна земја за живеење. Гласот ЗА СДСМ е глас за вас, за вашите блиски, вашите деца, внуци. Гласањето ЗА е глас за европска Македонија“, истакна Ковачевски.

Поддршката од ЗНАМ за кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, Ковачевски ја оцени како јасен доказ дека СДСМ е единствена социјалдемократска и прогресивна политичка опција во државата.

„Маските паднаа! Јас постојано говорев дека тој политички субејкт е направен единствено за лична корист и заради поддршка на ВМРО–ДПМНЕ. Но ние нема да дозволиме ниту ВМРО, ниту ЗНАМ, ниту кој било друг да си игра со нашата иднина и иднината на нашите деца. Немаме никакво право нив да им го ускратуваме она што го имаат нивните врсници низ Европа. Имаме историска должност и обврска да обезбедиме европска иднина за нашите деца!“, потенцираше Ковачевски.

Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните на 8 мај масовно да излезат на гласање и да ја поддржат европската иднина на Македонија.

Линк до видео обраќање:

Последни вести