fbpx

Прогресираат фрустрациите кај Мицкоски, трет ден ВМРО-ДПМНЕ ја лаже јавноста со измислен случај

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Трет ден опозициската ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да ја манипулира јавноста со измислен случај со што се докажува дека од ден на ден прогресираат личните фрустрации на Христијан Мицковски од позитивната, транспарентна и законска работа на Владата предводена од СДСМ.

Иако сите факти говорат дека ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат со обидите да ги лажат граѓаните.

СДСМ како одговорна партија, повторно ги повикува сите надлежни институции како и сите граѓански здруженија или организации коишто се бават со транспарентност и владеење на правото, да покажат заинтересираност за измислениот случај на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за тоа да ја информираат јавноста.

Времето на договорени тендери, на офшор шеми и сомнителни зделки беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа е завршено. Денес, сите државни и јавни претпријатија работат согласно законите, одговорно и транспарентно.

Наместо да ја замајува јавноста преку празни прес-конференции полни со контрадикторни бројки редно е Мицкоски по двонеделно криење, конечно да излезе пред јавноста и да одговори за договорите од 10.5 милиони евра склучени во непосредна спогодба во времето кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ.

 

Скопје, 02.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести