fbpx

ВМРО-ДПМНЕ два дена ја лаже јавноста со непосточеки случај

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Два дена безидејното и очајно ВМРО-ДПМНЕ  лаже и манипулира со непостоечки случај и истиот постојано го надградува со лажни вести.

Измислениот случај на ВМРО-ДПМНЕ веднаш беше демантиран од АД ЕЛЕМ односно од претпријатието јавно соопштија дека посочената фирма никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола. 

Итовремено, според достапните информации коишто се лесно проверливи, јасно е дека компанијата Тотал инжинеринг, неодамна извршила продажба на својата севкупна механизација и ниту пред продажбата, ниту по неа, нe била и не е ангажирана во ниту една постапка во која било државна институција.

 Јасно е дека ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, за коишто ВМРО-ДПМНЕ два дена ја лаже јавноста.

Во интерес на вистината, како одговорна партија, повторно ги повикуваме сите надлежни институции како и сите граѓански здруженија и организации коишто се бават со антикорупција да покажат заинтересираност за измислениот случај на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за тоа да ја информираат јавноста.

Наместо да ја замајуваат јавноста со непстоечки случаи и измилици, ВМРО-ДПМНЕ треба да се дистанцираат од политиките на Никола Груевски коишто промовираат лаги и манипулација, а нивниот претседател Мицкоски конечно да излезе пред јавноста и да им одговори на граѓаните за договорите од 10.5 милиони евра склучени во непосредна спогодба во времето кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ. 

 

Скопје, 01.05.2018​​​​  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

​​​​СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

Последни вести