Соопштение за јавност
Расипничкото пустошење на екомијата е одлика на ВМРО-ДПМНЕ и сега тоа е минато .
ВМРО-ДПМНЕ за време на своето расипничко и криминално владеење успеа да го зголеми долгот на Р. Македонија за три пати. Овој факт зборува доволно за разнишаната опозиција која нема никакво право да зборува за економија, поле на кое покажаа дека не знаат да работат.
Новата Влада предводена од СДСМ покажа дека умее да се справи со хаосот и расипништвото кое позади себе го остави ВМРО-ДПМНЕ, да ја стабилизира и да ја придвижи економијата напред.
За прв пат во 2017 година јавниот долг почна да бележи пад. Иако се враќаат скапите и нерационални кредити кои ги земаше ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ успева да креира позитивна економска клима и да добива најниски каматни стапки во историјата на Македонија од само 2.75 отсто.
Додека ВМРО-ДПМНЕ расипнички пустосеше низ Македонија, СДСМ сигурно чекори и ја враќа довербата на граѓаните во институциите и во државата. За 10 месеци спроведени се низа реформи во корист на граѓаните што допринесе до зголемување на просечната плата од 4,6 отсто. Тоа влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Граѓаните умеат да препознаат релевантно и транспарентно работење. Расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ е во историјата. Македонија чекори напред.
Скопје, 01.05.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА