fbpx

Костадиновска – Стојчевска за Тера: Зборуваат за АСНОМ, а не стануваат од скутот на Ванчо Михајлов

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Коносителката на изборната листа на СДСМ во петтата единица, Бисера Костадиновска – Стојчевска, во интервјуто на телевизија Тера посочи дека коалицијата на ЗНАМ со ВМРО ДПМНЕ се случила многу порано пред изборите.

„Тоа е коалиција која се случи многу порано од изборите, тоа не е од сега. Тоа само се потврди кога излезе јавно претседателот на движењето ЗНАМ и кажа дека ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова за претседател, за што таа потоа се заблагодари. Овде има една друга игра која е започната од порано, тоа не е нешто ново. Таму јасно се препознава само желбата за власт. Затоа што вистински социјалдемократ, кој долги години е член на пратијата и го следи развојот на партијата и развојот на социјалдемократската идеја, никогаш не може да даде поддршка и да најави коалиција со режим. Не може вие да зборувате за АСНОМ, за антифашистичка борба, а да седнувате во скут на Ванчо Михајлов, бидејќи како што самите рекоа, тој бил наш идеолошки претходник“- ја факторизираше Костадиновска – Стојчевска ситуацијата со ЗНАМ.

Последни вести