fbpx

Нема амнестија за 27 април, сите кои биле дел од насилството мора да понесат одговорност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

27 април е најтрагичниот датум во историјата на Македонија, ден кога со насилниот упад во Собранието беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието, кога беше нападнат уставниот поредок и разнишани темелите на демократијата.

Амнестија не е предвидена за тешки кривични дела и дела против државата и затоа сите оние кои биле дел од крвавиот четврток низ судска постапка мора да се соочат со одговорноста за нивната улога во насилствата од 27 април.

Република Македонија е правна држава и сите оние кои биле извршители, нарачатели или помагачи на немилиот настан, мора да одговараат низ судска постапка.

Скопје, 28.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести