fbpx

Насилничкото однесување е одлика единствено на ВМРО-ДПМНЕ, ФЕНИ работи, 700 вработени редовно земаат плата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гангстерско однесување, цензура врз медиумите, сомнителни договори и политики на насилство беа главните одлики на 11 годишното криминално и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести бидејќи не може да се помири со успешните политики на Владата предводена од СДСМ. Факт е дека комбинатот ФЕНИ работи и дека 700 вработени редовно земаат плата. Но исто така, непобитен факт е дека токму ВМРО-ДПМНЕ како соучесник дозволила да бидат испумпани околу 51 милион евра со цел ФЕНИ да згасне, а 700 семејства на лицата вработени во комбинатот долг период се соочуваа со агонија и загрозена егзистенција. Поради чесниот пристап и нормалното функционирање на институциите, стечајот на ФЕНИ е прв успешен стечај во Македонија и денес комбинатот работи непречено и сериозно придонесува во македонската економија.

Залудни и очајни се обидите за манипулација на ВМРО-ДПМНЕ. Во Македонија никогаш немало поголема медиумска слобода од онаа денес, кадешто новинарите и медиумите професионално, непречено и слободно ја извршуваат својата работа. Граѓаните ставија крај на пропагандата и расчистија со насилничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 28.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести