Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски да не бега од јавноста повеќе од десет дена, криејќи се зад социјалните мрежи, туку да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата поврзани со договорите вредни 10.5 милиони евра, склучени во неспоредни спогодби, во период кога тој раководел со АД ЕЛЕМ.
Факт е законот за минимална плата дава резултати и дека просечната плата расте во однос на изминатите години. Тоа е потвредно и преку јавно објавените податоци од Државниот завод за статистика.
Податоците коишто покажуваат дека просечната исплатена нето плата во февруари 2018 е за 3,6 отсто повисока од платата исплатена во февруари 2017 година.
Мицкоски може самиот да си направи споредба, заклучокот е тој.
Очигледно е дека Мицкоски останува посветен на продолжување на политиките на лажни вести, поделби и манипулации што беа главна одлика на неговиот претходник Никола Груевски. Со тоа, Мицкоски покажува дека нема капацитет да излезе од поразената матрица на Груевски и дека се уште е ревносен поддржувач на неговите политики.
Залудни се веселите, целосно погрешни математики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Преку успешните економски политики, Владата предводена од СДСМ поттикнува отворање на нови работни места, економски раст и повисоки плати и пензии.
Скопје, 25.04.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA