fbpx

Препораката за почеток на преговорите е признание за успешните реформии, Македонија повеќе не е заробена држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Неусловената препорака за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија што Македонија ја доби од Европската Комисија е потврда за успешноста на реформскиот процес што Владата предводена од СДСМ го води во последните 10 месеци.

После две условени препораки, Македонија повеќе не е категоризирана како заробена држава, туку како држава која преку започнатите реформи повторно се враќа онаму кадешто и вредносно и цивилизациски припаѓа – во друштво на модерните, напредни и развиени европски држави.

Позитивниот извештај на Европската Комисија и дадената препорака за членство претставува дополнителен импулс во натамошното спроведување на зацртаните реформи, на мерките за подобар живот, во интерес на Македонија и нејзините граѓани.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да ги спроведуваат зацртаните мерки коишто обезбедуваат економски раст, независни институции и владеење на правото и остануваат силно посветени на евроинтегративниот процес на државата којшто е врвен државен и национален интерес.

Македонија продолжува да се гради како слободна, напредна, демократска и земја пријател на соседите и Европа.

Скопје, 18.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести