fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за образование, измените на Законот обезбедуваат квалитетно високо образование

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто го руинираше образованиот систем, го окупираше студентското организирање и го погази достоинството на професорите и студентите, нема никаков кредибилитет да зборува за образованието.

Фокусот на Владата предводена од СДСМ е развој на научно-истражувачката дејност, а со цел за подобар и покоординиран пристап за развој на науката и високото образование, новиот Закон за високото образование предвидува формирање на Национален совет за високо образование, наука, иновации и технологија.

На ВМРО-ДПМНЕ и на Зекир Рамчиловиќ треба да им биде познато дека институтите се основани со Закон за научно-истражувачка дејност, а согласно новиот закон, научните институти можат да бидат редовни и вонредни членки на факултетите и истите ќе можат да остваруваат докторски студии во соработка со единиците на универзитетот кои се рангирани меѓу првите седум.

Една од целите на овој Закон за високото образование е подигнување на квалитетот на високото образование на сите три циклуси, вклучувајќи ги и докторските студии.

Од тие причини, еден од условите за организирање докторски студии е универзитетот да биде рангиран на првите седум места и научните институти доколку не се членки на универзитетот, ќе можат да вршат докторски студии само во соработка со единица на универзитет, рангирана на првите седум места.

По донесувањето на Законот за високото образование, ќе следуваат и измени на Законот за научно-истражувачка дејност.
Залудни се празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на унапредување на образование во интерес на учениците, професорите, наставниците и студентите.

 

Скопје, 16.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести