fbpx

За само 10 месеци Владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика направија повеќе отколку 11 години наназад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Сооштение за јавност

Скандали, неработа, неодговорност и негрижа ги одбележаа 11 години криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши.

Владата предводена од СДСМ, Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска наследните проблеми ги решава трајно, преку низа темелни реформи, во интерес на граѓаните.

За само 10 месеци решен е проблемот на стечајците, преку законски измени е исправена децениска неправда кон овие наши сограѓани. Досега, 4.535 стечајци добија позитивни решенија.

Зголемена е минималната плата на 12 илјади денари. Околу 90 илјади граѓани земаат повисока плата и за прв пат повисока плата земаат и работниците од текстилната и кожарската индустрија.

Тоа ја отвори спиралата на раст на платите што резултираше со зголемување на просечната плата на над 24 илјади денари.

За само 10 месеци воведени се серија мерки за унапредување на правата на лица со попреченост: олеснето е остварувањето на правото за паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додатокот за мобилност, глувост и слепост се остваруваат без оглед на приходите, обезбедено е скратено време за родителите на деца и лица со попреченост, усвоена е програма за персонална асистенција на лица со попреченост, целосно финансирана од Буџетот и многу други.

Обезбедени се 486 вработувања на неопределено време во детските градинки и уште 138 вработувања во центрите за социјална работа.

Отворени се градинки во повеќе места а наскоро ќе профункционираат градинките и во Зрновце, Прилеп, Чашка, Караслари -Велес, а привршуваат и процедурите за градинките во Маврово Ростуше, Прељубиште, Куманово и Кавадарци.

Во тек е решавање на проблемот на околу 3.000 лица неевидентирани во Матичната книга на родени.

Дополнително, се спроведува најзначајната активност која ќе значи системска промена на социјалната заштита, за обезбедување на повеќе пари за најсиромашните граѓани.

Паралелно со сите овие активности се работи на мерките за стабилизација на пензискиот систем и на подготовка на нов Закон за работни односи.

Ова се само дел од реализираните мерки. Фактите се јасни, за само 10 месеци, Министерството за труд и социјална политика и министерката Царовска направија повеќе отколку 11 години наназад.

Скопје, 13.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести