fbpx

Владината Програма во делот на економијата е општа, без бројки за просечната и минималната плата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во владината програма има неконзистентни делови и ставови. Што се однесува до економијата која е најзначајна за едно општество, најавите се општи, без конкретни бројки за зголемување на просечната и минималната плата, рече претседателот на СДСМ и пратеник во македонското Собрание, Димитар Ковачевски во денешното обраќање.

-Добро е што има продолжување на досегашните владини политики за поддршка на инвестициите и за македонските компании. За разлика од периодот до 2016 година кога од страна на ВМОР-ДПМНЕ беа поддржувани само странски компании. Но има неконзистентност во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ да не се зголемува задолжувањето на државата. Сега кога заврши кризата несоодветно и неконзистентно е да се најавува зголемување за 8% на националниот долг на Македонија. Со каматите некаде на крајот на тој период ќе дојде до 10% зголемување на јавниот долг. Неконзистентност од јавно декларирање за не зголемување на долгот кон зголемување на долгот од 10% веднаш при доаѓањето на новата Влада, рече Ковачевски.

Во делот на инфраструктурата сите предложени елементи во делот на програмата се продолжување на сите стратешки проекти на досегашната Влада предводена од СДСМ, додаде Ковачевски.

-Тука пред се мислам на Коридорот 8 и Коридорот 10Д коишто исто така од ВМРО-ДПМНЕ беа квалификувани како криминални проекти, изведувачите беа квалификувани како криминални организации. Дури како што ја читам програмата провејува дека ќе им бидат доверени и други проекти, додаде Ковачевски.

Во однос на персоналниот состав на Владата Ковачевски посочи дека од сегашното владино мнозинство беа искажувани негативни лични квалификации за луѓе кои сега се предложени за министри, како што е примерот со Таравари.

-Укажав на тројца пратеници дека давање лични квалификации не е добро. Со оглед на тоа дека господинот Таравари беше најнапаѓан за политичка корупција. Им укажав дека неговата политичка траекторија имплицира дека еден ден ќе треба да гласаат за него. Сега доаѓа тој ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да гласа за Таравари за министер за здравство, рече Ковачевски.

Последни вести