Соопштение за јавност
Премиерот синоќа последните пет минути од своето излгање ги искористи, на нас, на опозицијата да ни го истури целиот гнев, што очигледно нему ќе му се слее од тие 400.000 гласови, затоа што велеше дека нема да го признае преспанскиот договор, дека ќе ја репреговара преговарачката рамка, а сега нема ништо од тоа, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „Топ тема“.
Костадиновска Стојчевска нагласи дека седум месеци наназад се слушаше „Никогаш Северна – само Македонија“, а вчера владата многу драго да даде заклетва со Северна Македонија.
Седум години ние бевме предавниците, ние бевме лошите, ние бевме тие што го напавија тоа со името, ние бевме тие со преспанскиот договор, ние бевме тие со преговарачката рамка, а вие бевте патриоти, сега се тоа падна во вода, истакна Костадиновска Стојчевска.
Таа додаде дека преспанскиот договор на никој не му беше мил, но после 11-12 години скарани, затворени и сето тоа што се случуваше поради ВМРО ДПМНР, тоа беше единствениот излез.
Сакате да признаете или не ВМРО-ДПМНЕ не донесе во таа ситуација, некој да треба да бори колку пати ќе каже Северна Македонија. Па свесни бевте и за парите и за помошта и за се што ќе се случи ако премиерот, министрите и претседателката на државата не го употребуваат уставното име, нагласи Костадиновска Стојчевска.
Костадиновска Стојчевска истакна дека на дводневната парламентарна седница не се слушна ништо за забелешките на СДСМ, дека во програмата на владата нема ништо за уставните измени, дека има само три жени во владиниот кабинет, дека има кандидати коишто не ја признаваат химната на Република Северна Македонија, која е таа единствена историска шанса, не видовме во програмата како ќе изгледа тоа репреговарање на преговарачката рамка, како се замислени забрзаните евроинтеграции, како тоа нема да застанат евроинтеграциите.
Ве замолувам да не го започнувате мандатот со правдање, и со тврдење дека сме на дното, бидејќи за обнова од ваша страна имаме многу негативни чувства. Не може да се зборува за дно кога слободата на медиумите никогаш не била на толку високо ниво, за тоа каков беше пензискиот фонд, а каков е сега, какви беа платите и пензиите, нагласи пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „Топ тема“.