fbpx

Филипче: Против таборите ќе се борам со давање глас на секој

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Табори во СДСМ повеќе нема да постојат, бидејќи секој член ќе биде слушнат, ова го најави претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во „Топ Тема“ на телевизија Телма.

„Луѓето одат во табризација и се групираат во табори тогаш кога не им се слуша гласот. Треба да им се понуди широка платформа во што поголем број присутни членови, а не само на раководство. Раководствата во следниот период откако ќе се направат и статутарните измени ќе бидат избрани и од самите членови, а самото тоа е акт на слушање на гласот на членовите, како и во градење на други политики, преку често присуство во самите Општински органзиации на целокупното раководство.“-рече Филипче, претседател на СДСМ.

Филипче смета дека тоа е лекот таборите во партијата да паднат.

„Сечиј глас ќе биде слушнат. Тоа е мојот план и сметам дека тоа е главната работа што треба да се направи. Тоа го кажуваат самите членови, тоа е на нивно барање. Честото состанување практично е лекот да се стигне до тоа, односно како што јас велам ќе направам реформа на менталитетот“-истакна Филипче, престедател на СДСМ.

Последни вести