fbpx

Докажете или престанете да лажете за Филипче

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и вчерашната прес конференција на Миле Лефков

Драги ВМРО-ДПМНЕ, повелете докажете го обвинувањата, во спротивно престанете да лажете.

Вие сте лоша копија на старото ВМРО-ДПМНЕ и во исто време сте обвинители, судии и политичари. Повелете докажете ги обвинувањата кои ги повторувате како папагали. Конечно престанете да глумите опозиција кога сте на власт и да се бавите со секојдневни празни соопштенија кон СДСМ. Не ве избраа за тоа граѓаните.

Владата ја наполнивте со инкриминирани кадри од Игор Јанушев до Коце Трајановски. Вие немате никаков легитимитет да зборувате за криминал и корупција, половина од членовите на вашето раководство имаат дебели криминални резимеа, од насилници до организирани криминалци. Истовремено, демонстрирате голем страв кон претседателот Венко Филипче што само ја потврдува тезата дека СДСМ се менува во правилна насока. Брзо ќе ви заврши медениот месец и ќе треба да покажете резултати од работењето, наместо да се заминавате со опозицијата.

Последни вести