fbpx

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ги злоупотребуваше институциите, не може да разбере што значи неселективно владеење на правото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што со години ги партизираше и злоупотребуваше институциите, нема капацитет да разбере што значи нулта толеранција за корупција и криминал и што значи неселективно владеење на правото.

Денес институциите работат независно, професионално, согласно нивните надлежености, ослободени од партиски притисоци и во интерес на граѓаните, а законите важат за сите подеднакво.

Секој кој го прекршил законот одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, партиска или каква било друга припадност.

Тоа е суштинска разлика што ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ја согледа, а којашто носи придобивки за Република Македонија и нејзините граѓани.

 

Скопје, 19.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести