fbpx

Ја охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ да ги напушти политиките на поделби, на десктрукција и да го прифати концептот на едно општество

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Фактот што токму ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати Законот за употреба на јазиците е доказ за нивното лицемерие.

Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години. Со неговото усвојување не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите а тоа е цивилизациска придобивка.

Ја охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ да смогне сили и да ги надмине погубните политики на Никола Груевски коишто промовираат поделби, деструкција и омраза и навистина да го прифати концептот на едно општество за сите.

Тоа е во интерес на Република Македонија и на сите нејзини граѓани коишто избраа иднина и силно го поддржуваат концептот едно општество за сите.

 

Скопје, 16.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести