Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е единствено виновна за хаосот кој се случува во јавниот превоз во Скопје. Заради своите теснопартиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ со години не набавува нови автобуси. Откако им пропаднаа зделките со Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ ги малтретираат скопјани и го запустуваат јавното претпријатие.
По принципот или ние или никој,
ВМРО-ДПМНЕ го блокира градот, а состојбата со која сами си ги блокираат проектите кои ги ветиле, како набавка на нови автобуси е трагикомична.
Откако Коце Трајановски го направи историски најлошиот потег со набавка на кинеските авотбуси кои се распаѓаат по улиците, сега имаме локална власт која е решена по секоја цена да го уништи претпријатието на кое му фалат до 50 автобуси нормално да функционира.
Секојдневно сме сведоци на немили настани од преполни автобуси и луѓе кои колабираат од горештините додека ги чекаат автобусите кои доцнат и се преполни.
За потсетување, локалната власт на СДСМ набави германски автобуси од марката МАН кои ден денес се симбол за квалитет во градскиот превоз.