fbpx

Мицкоски лаже, кредитот од Будимпешта е негов политички интерес, СДСМ обезбеди поповолни кредити

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на интервјуто на Христијан Мицкоски

Мицкоски продолжува да ја лаже јавноста околу кредитот од Будимпешта.

Апсолутно е неточно дека таквиот кредит е поповолен за стопанството од кредитите кои ги обезбеди СДСМ преку Европската инвестициона банка.

Ние веќе користиме кредит од 150 милиони евра од Европската инвестициона банка со подобри услови, односно каматна стапка од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години и дополнителни 100 милиони со 3,5% каматана стапка. Значи имаме кредит од реномирана институција кој е поповолен за стопанството.

Во моментов стопанството има на располагање кредити со каматна стапка под 3%. Што занчи дека поволноста на овој кредит е огромна лага.

Одлуката е политичка, а не финансиска.

На Мицкоски овие пари му се потребни за предизборен поткуп.

Тој знае дека ако земе пари од проверени меѓународни институции ќе треба да биде и контролиран како ги троши. Ова не му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и затоа е спремен да ја ризикува финансиската и кредитна стабилност на земјата за свој политички интерес. Со ваквиот кредит во четри очи, Мицкоски планира да изврши огромна политичка корупција во изборната година која следи.

Мицкоски итно да се повлече од оваа идеја што ќе ја стави државата во политичко и економско заложништво и започнување преговори за финансирање од проверени и контролирани меѓународни финансиски извори.

Последни вести