fbpx

ВМРО-ДПМНЕ повторно шири лажни вести, нема нето задолжување од денешната аукција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што континуирано ги задолжуваше граѓаните заради остварување криминални интетеси, повторно шири лажни вести.

Добиените средства од денешната аукција во висина од 93, 1 милиони евра ќе се искористат за исплата на досегашни долгови. Со денешните средства веќе утре ќе се исплатат 76,9 милиони евра, а на 26 март ќе бидат исплатени 16,3 милиони евра по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

Со тоа, сите средства ќе се искористат за враќање стари долгови од оваа аукција воопшто нема нето задолжување.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.

За разлика од расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ ја намали фрекфенцијата на аукциите од четири на два пати во еден месец. Истовремено, се обезбедуваат средства со најповолни каматни стапки и успешно се управува со наследениот проблем и неодговорното трошење на ВМРО-ДПМНЕ коешто двојно го зголеми долгот.

 

Скопје, 13.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести