fbpx

За состојбата со ЈСП виновно е само ВМРО-ДПМНЕ и никој друг

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ЈСП целосно се распаѓа благодарение на лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Секојдневните несреќи, запалените автобуси, гужвите на преку 40 степени од кои луѓе колабираат се опасност за граѓаните. Прашање на време кога ќе се случи некоја трагедија.

Каде се 250 автобуси кои Мицкоски ги ветуваше?

ВМРО-ДПМНЕ за свој политички интерес и пропаднатите зделки со Арсовска ги става скопјани во ризик. Ова е невидена политичка деструкција, тие сами себе се блокираат во советот на Град Скопје и не ги набавуваат ветените автобуси.

Автобусите кои денес гледаме дека се расипуваат и палат се исто така одговорност на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пулени Игор Јанушев и Коце Трајановски кои ги набавија од Кина. Сега овие двајца повторно се на клучни позиции во Владата и не може да се очекува ништо добро во иднина од нив.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се кријат и не одговараат зошто ги тормозат скопјани и зошто во Владата прв човек е Игор Јанушев кој е осуден токму за набавката на овие автобуси? Мицкоски и Јанушев не одговараа за новиот скандал во кој е вплеткан Јанушев каде некој случајно му дал подарок од 325.000 евра. ВМРО-ДПМНЕ не исто како порано, оваа власт е далеку полоша и покриминална од претходната на Груевски.

Последни вести