fbpx

Мицкоски призна дека се возел во бизнис класа и пак се обиде да излаже

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција за интервјуто на Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски во интревју за Топ Тема на Телма Телевизија ги призна луксузните патувања со бизнис класа, скапите карти до 20.000 евра платени со народни пари.

И повторно се обиде Мицкоски да излаже.

Со смеа и неверување јавноста и граѓаните ги слушнаа „оправдувањата“ на Мицкоски дека причина биле проблеми со колениците.

Дали сите 3 министри во Владата на Мицкоски кои беа во Вашинготн на државна сметка имаат исти проблеми со колената па мораат да патуваат со бизнис класа?

А кога се сликаше на Водно како се качува Мицкоски имаше ли проблем со колениците ?

Мицкоски лаже и си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните.

Скапи авионски летови и бизнис класи од 20.000 евра, часовници од 60.000 евра, имоти на поклон од 300.000 евра додека вели дека нема пари за поголеми плати за работниците.

Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.

Последни вести