Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Тошковски
Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и да поднесува кривични за сите политичари од сите партии каде има докази, ама може да почне од себе и Јанушев.
Наместо да спинува со ДУИ, да објасни како тој и Јанушев си направиле бизнис со становите во иста зграда. Нека излезе и нека и каже на јавноста како дошле до конфорните станови со Јанушев и во која постапка.
Што се однесува до ДУИ, очигледно Мицкоски не го информирал дека се во тајна коалиција. ДУИ му обезбеди мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ за измените со кои си направија уште четири министерства за да вдомуваат партиски кадри. Ќе видиме која е цената за тоа, ама коалицијата е веќе направена.
СДСМ располага со цела документација за случајот подарок од 325.000 евра и ќе ја објави.