fbpx

Николова: ВМРО ДПМНЕ блокираше закони за општините, СДСМ издови 265 милиони евра за проекти во општините

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Од централниот буџет треба да се издвојуваат пари за општините, да се помага на граѓаните, и СДСМ го практикуваше тоа, издвоивме 265 милиони евра, за 686 проекти, распределении во сите општини неселективно, бевме свесни дека тоа значи подобрување на условите за живот на граѓаните истакна пратеничката на СДСМ Даниела Николова, во рамките расправата во комисијата за финансирање и буџет, посветена на ребалансот на државниот буџет.

Николова налгаси дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се срами кога зборува за состојбата во општините.

Еве ќе ја земам за пример градоначалничката на Скопје, вие ни ја донесовте, Скопје доживеа вистинска хаварија, живее уште во неподносливи услови, се таму што беше програма вие со аплаузи го поддржувавте и заедно славевте пред Белата палата, падна во вода и Скопје го живее најмизерниот период од кога постои ми се чини, истакна Николова.

Пратеничката Николова дека во собранието до 2021 година се блокираше заемот за локални и регионални патишта и тоа кога претседател на комисијата беше Тимчо Муцунски, за во 2021 година по локланите избори, кога дојдоа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да го смени мислењето.

Николова наведе колку средства од државниот буџет се слеајаа само во општина Аеродром, само за време на коха граданачник беше Муцунски, пред да избега да биде министер, откако беше неподносливо неговото раководење со општината.

Како пример за ОУ Блаже Конески дадени 100 милиони денари, за нов клон на објектот на детската градинка Срничка 70 милини денари, за реконструкција на улиците Мите Богоевски, Црноризец Храбар и Илија Димовски Гоче во населба Лисиче 60 милиони денари, за новиот објект на полициската станица Аеродром 130 милиони денари, за реконструкција на игралиштата во дворот на ОУ Браќа Миладинвци 2,6 милиони денари, 700.000 за техничка документација за изградба на водовоната мрежа во делот Долно Лисиче и немојте да зборувате дека општините биле оставени така. Најдете си поспособен кадар, зашто повеќе од половина мандат на градоначалниците помина, порача пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

Последни вести